Актуелно

Инцидент во канцеларијата од градоначалникот на Арачиново

Инцидент се случил во канцеларијата на градоначалникот на општината Арачиново вчера попладне.

Машко лице влегло во просториите на општината, и се упатило во канцеларијата на градоначалникот Милкије Халими. Кога видел дека не е таму на еден од вработените му упатил закани и си заминал, инфромира МВР.

На 23 ноември во околу 22.30 часот А.Х. од село Арачиново, пријавил во полициска станица дека околу 15,30 часот во канцеларијата на градоначалникот на општина Арачиново, влегол С.А. и рекол дека ќе ја запали oпштинската зграда по што го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во полициската информација.

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top