Интимното признание на Меси кое ќе ги налути фановите на Барса


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Последната изјава на Лионел Меси би можела да ги налути фановите на Барселона, откако Аргентинецот откри дека најмногу го цени медалот осоен со националниот тим.

Играчот кој според многумина е најдобриот во историјата на фудбалот, е и рекордер по бројот на освоени „Златни Топки“, а во текот на кариерата ги освои сите индивидуални и колективни признанија.

Меѓутоа, како што признава, ниту еден трофеј освоен со Барселона нема тежина како златниот медал на Олимписките игри во Пекинг.

„Олимпиското злато од 2008 година е медал кој најмногу го ценам затоа што тоа е турнир на кој играш еднаш во животот и на кој учествуваат многу спортисти од различни дисциплини“, изјави Меси.

Аргентинецот со оваа изјава сакаше да стави точка на сите критики дека не се труди доволно кога игра за репрезентацијата, но веројатно ќе налути многу навивачи на Барселона.