Интервју со Сем Бенкмен-Фрид: „Знам дека зафркнав“


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Конечно во јавноста излезе интервју со Сем Бенкмен-Фрид, 30-годишниот основач на крипто берзата FTX која банкротираше минатиот месец, кое тој го даде за New York Times Events.

Во ова интервју Сем рече дека „никогаш не се обидел да изврши измама врз никого“, притоа признавајќи дека правел грешки како главен извршен директор.

„Има работи за кои би направил сè да можам да ги направам повторно“, рече Банкмен-Фрид во виртуелен настап на самитот DealBook на New York Times во Њујорк. „Бев шокиран од она што се случи овој месец“.

Претходно во ноември, Бенкмен-Фрид поднесе оставка како извршен директор на FTX, откако таа и десетици поврзани компании поднесоа барање за банкрот во една од највпечатливите корпоративни експлозии досега. Речиси преку ноќ, клиентите ширум светот мораа да се борат да повратат милијарди средства што ги депонираа на платформата. Личното богатство на Банкмен-Фрид, од повеќе милијарди долари, испари. И крипто фирмите со финансиска изложеност на FTX почнаа да се закопуваат.

Едно од клучните прашања околуБенкмен-Фрид е дали FTX, неговата платформа за размена на крипто, незаконски присвои средства од клиентите кога даваше заеми на неговиот хеџ фонд, Аламеда.

„Не направив измама на средствата свесно“, рече тој. „Искрено бев изненаден од тоа колку голема беше позицијата на Аламеда. Видете, знам дека зафркнав. Бев извршен директор на FTX… Имав одговорност – кажа Бенкмен-Фрид, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој призна дека имало недостатокот на корпоративни контроли и управување со ризик во бизнисите што ги надгледуваше, прашање што новиот извршен директор на FTX го опиша во поднесоците за стечајниот суд како „целосен неуспех“.

– Немаше лице кое беше главно задолжено за позициониот ризик на клиентите на FTX“, изјави Банкмен-Фрид за DealBook. „И тоа е прилично непријатно во ретроспектива“.

Сè уште не е јасно колку клиентите на FTX ќе можат да надоместат со реструктуирањето. Банкмен-Фрид сугерираше дека клиентите во САД и Јапонија може да повратат се, иако не понуди детали за тоа како.

Минатите изјави на Банкмен-Фрид за состојбата на FTX и Аламеда се под строга контрола, бидејќи на виделина излегуваат докази за неговиот недостаток на надзор. На почетокот на кризата со ликвидноста, тој твитна дека средствата на FTX се „добри“ и дека има доволно за да ги покрие имотите на клиентите. Тој го избриша твитот еден ден подоцна додека се обидуваше да организира спасувачки пакет кој на крајот се распадна.

Колапсот на FTX е под истрага од страна на федералните обвинители за јужниот округ на Њујорк, според лице запознаено со ова прашање, и од властите на Бахамите, каде што биле базирани компаниите. Неколку финансиски регулатори, исто така, беа во контакт со новиот менаџмент на фирмата, предводен од специјалисти за реструктуирање задолжени да го чуваат FTX преку банкрот.

Неговото појавување на Самитот на DealBook доаѓа по неколку недели во кои Банкмен-Фрид издаде неколку јавни извинување и коментари до печатот за пропаста на неговите компании – нешто што ги остави правните експерти потресени.

„Она што го прави SBF е форма на самоубиство во судски спор“, рече Хауард Фишер, поранешен адвокат на Комисијата за хартии од вредност. „Сè што ќе каже и што ќе се покаже дека е спротивставено со прифатливи докази ќе се земе како доказ за измама… Не знам дали ова е знак на непокајана ароганција, младешка прекумерна самодоверба или едноставно чиста глупост“.

Во неговото интервју во средата, Банкмен-Фрид беше прашан дали неговите адвокати го охрабруваат да проговори.

– Мислам, го знаете класичниот совет, нели? Не кажувај ништо, знаеш, повлечи се во дупка. Имам должност да објаснам што се случи… Не гледам какво добро се постигнува со тоа што седам заклучен во соба преправајќи се дека надворешниот свет не постои – потенцираше Банкмен-Фрид.

Тој беше прашан за неговото лично богатство, кое беше проценето на околу 26 милијарди долари на својот врв минатата пролет. Банкмен-Фрид рече дека му дал „сè“ на FTX и дека мисли дека е намален на 100.000 долари „или нешто слично“ на неговата банкарска сметка.

Извор: Фактор