Интервју на Матс Виландер пред „Ролан Гарос“: Мои фаворити се Зверев и Халеп!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тенискиот свет е во исчекување на „Ролан Гарос“, а легендарниот Матс Виландерс даде интересвно интервју пред еден од најважните тениски турнири.

Кој би можел годинава да го победи Рафа по Ваше мислење?
Александар Зверев би можел да го победи, но Доминик Тим сметам дека дефинитивно може да го порази. Некои играчи како Марин Чилич и Хуан Мартин Дел Порто исто така имаат шанса. Постојат околу 6-7 играчи кои се сериозна закана за Надал, но како ида ене би ги фаворизирал толку многу.

Кој е најголем предивик за Надал?
Дефинитивно Александар Зверев, човекот станува се подобар и подобар и се приближува на нивото на Надал. Користи добри тактики.

ЗА РАФА НАДАЛ

Сметате ли дека Надал е уште помоќен од минатата година?
Технички е посилен. Неговите движења се особено добри. Само не сум сигурен дека психички е подобар во споредба со претходно. Свесен е дека има многу млади надежни играчи и со самото тоа мора многу повеќе да се фокусира.

ЗА РОЏЕР ФЕДЕРЕР

Во јануари, Род Лавер изјави дека Роџер Федерер е најдобар тенисер во историјата. Дали се согласувате со него ?
Секако. Ако не е Род Лавер, тогаш е Роџер Федерер.

Би сакале ли да го гледате повторно како замавнува на глината?
Многу би сакал. Разбирам зошто не сака да вежба 6 дена во неделата на глина и сметам дека е во право. Доколку изгуби макар и еден меч на French open, тоа дефинитивно нема да му ја наруши самодовербата.

ЗА АЛЕКСАНДАР ЗВЕРЕВ

Кое е Вашето мислење за Зверев? Луѓето сметаат дека токму тој ќе биде следната ѕвезда.
И јас мислам така, верувам дека ќе биде идна ѕвезда. Очигледно е дека имаше многу успешна година лани. И ќе победува и ќе се подобрува во секој аспект од неговата игра. Дефинитивно ќе биде идна супер ѕвезда.

ЗА НОВАК ЃОКОВИЌ

За Новак Ѓоковиќ,дали сметате дека работата е психичка или повеќе физичка? Ќе се врати ли повторно?
Сметам дека повеќе е на психичко ниво. Тоа е најголемиотдел. Доколку продолжи да игра како што игра сега, ќе најде уште повеќе енергија и мотивација за да вежба се повеќе и поинтензивно. Со самото тоа повеќе ќе се фокусира и ќе почне да освојува мечеви. Не сум сигурен дали повторно ќе биде најдобриот играч на светот, но верувам дека по извесен период ќе се врати во формата во која беше и ќе се биде меѓу 10-те најдобри.

Дали Новак е спремен да се соочи со Рафа во Париз?
И повеќе од спремен.Барем психички еспремен.Но не се доволни само неколку недели вежбање и подготовка. Мора да се остане мотивиран цело време.

ЗА ЕНДИ МАРИ

Мислите ли дека Енди ќе го поврати своето ниво?
Мислам дека да. Ако психички е влезен во играта со 100 % ќе го одигра својот најдобар тенис.

Тој е еден од Вашите омилени играчи, зарем не ?
Да во право сте, тоа е поради неговиот начин на играње. Премногу е тактичен, многу е навлезен во играта. Има неверојатни раце и помалку е откачен.

ЗА ЖЕНСКИТЕ НАТПРЕВАРУВАЧКИ

Која е Вашата фаворитка од женска категорија?
Дефинитивно Симона Халеп.

Кои се најдобрите 4 тенисерки во моментов?
Би рекол Симона Халеп, Свитолина, Шарапова бидејќи сепак станува збор за Грен Слем и Каролина Возњачки.

ЗА СЕРЕНА ВИЛИЈАМС

Мислите ли дека Серена ќе си оди со уште еден трофеј?
Доколу оди во Париз и игра и секако психички е спремна како и физички, можно е да издвои меч или два. Секако дека многу прашања сами ќе си се одговорат.Искрено не веруам дека ќе го освои French Open.

ЗА МАРИЈА ШАРАПОВА

Дали Марија ќе освои уште еден Грен Слем?
Верувам во нејзе.Знае точно како да се фокусира. Марија е повеќе опасна на Грен Слем, во споредба со обичен натпревар.