Интернет популацијата полуде по разголената статуа од Абрахам Линколн


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Во текот на неговиот претседателски мандат, славниот Абрахам Линколн направи толку многу работи и дела кои историјата ќе му ги памети додека постои човештвото (пример, укинувањето на ропството), но за интернет популацијата очигледно важат малку поинакви правила.

Откако некој објави фотка од статуа од Абрахам Линколн, која го прикажува државникот во неговата младост, со извајано тело и без кошула, социјалните мрежи беа „запалени“ со споделување на оваа интересна фотографија.

„Потсетник дека во федералната судница во Лос Анџелес се наоѓа статуа од Абрахам Линколн прикажан како млад пастува без кошула, кој сигуестивно се држи за појас, како модел од Sports Illustrated“, стои во описот од оригиналната објава.

Секако, не изостанаа и други сугестивни коментари: „Какво парче“, „Се обидува ли тој да дојде до правдата или да го симне превезот од нејзините очи?“, „Носи книга за да покаже дека оди кај пријателка да учат“, „Ајде да ги соблечеме и тие панталони“, се само дел од нив.