Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со појавата на топлото време се чувстуваме подобро, потелно и не напушта зимското сивило. Би рекле дека се доаѓа на свое место, но според мислењето на стручнаците, се чини дека не е се така розево.
Имено, врските кои се започнати на есен и за време на зимата често завршуваат со пристигнувањето на пролетта, а овој тренд има свој назив – „uncuffing season“, како вели Urban Dictionary.
Од друга страна постои „cuffing season“ – доба во годината кога луѓето влегуваат во односи за да не им биде досадно и за да ја победат депресијата која пристигнува со зимата. Психологот и социјална работничка, др. Даниел Форши, вели дека на прекините влијае поголемата концентрација на сончевата светлина во текот на пролетта и летото.
Се е во хормоните
„Во текот на ладното време, телото произведува повеќе мелатонин, хормон кој реагира на темнина и не прави поуморни, па го намалува серотонинот кој не прави посреќни и позадоволни“, вели таа. Со оглед на тоа дека на крајот од зимата денот е се поголем и има повеќе светлина, така телото произведува повеќе серотонин, а помалку мелатонин па не ни треба друга личност за да не прави посреќни.
Дури и ако ја прекинеме постоечката врска, додава Форши, топлото и сончево време не поттикнува да излеземе надвор, да се дружиме и да запознаваме нови луѓе. Освен тоа, податоците од фејсбук потврдуваат дека луѓето со пристигнувањето на пролетта се повеќе ги преферираат термините „прекин“ и „прекинување“.
Ете, којзнае што пролетта може да ни донесе, можеби и нова врска?