Интересна причина која придонесува за зимско дебелеење


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Според канадски истражувачи додатни килограми би можело да бидат последица од недоволната  изложеност на сончева светлина.

Според научниците од Универзитетот Алберт од Едмонтон откриле дека масните наслаги кои се наоѓаат под кожата се намалуваат кога се изложени на сончева светлина.

„Кога сончевата сина светлина, односно онаа сончева светлина која ја гледаме со голо око, продира во нашата кожа и доаѓа до масните „групи“, тогаш тие се намалуваат и не преминуваат во масни наслаги. Со други зборови, помалку се дебелееме кога сме изложени на сончева светлина“, вели Питер Лајт.

Ова ги натера Лајт и неговиот тим од научници да истражат што се случува кога човечкото тело е помалку изложено на сончева светлина. Во истражувањето се вели дека недоволното изложување на сонце може да резултира со јадење на поголеми количини храна, но и наталожување на масни наслаги на телото, што резултира во зголемување на тежината.

Но, исто така се наведува и дека килажата не се губи само со изложување на сонце. Сончевата светлина влијае само како еден вид превентива против наталожување на масните наслаги, но не и топач на масни наслаги.

Сепак тој предупредува и дека на него и на неговата екипа им се потребни уште неколку истражувања со цел да дознаат точно колку време треба да се биде изложен на сончева светлина за да почне да делува тоа на масните групи.