Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Тие двајца своевремено играа заедно во дресот на Манчестер Јунајтед, во еден од најславните периоди од современата историја на англискиот фудбалски гигант.
Кристиано Роналдо е на чекор од „трансферот на векот“, па во таа прилика за овој премин на Кристиано од Реал во Јуве, за став беше запрашан неговиот бивш соиграч од дресот на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра.
„Сите ме прашуваат што мислам за доаѓањето на Роналдо во Јувентус. Се уште не сум разговарал со него за ова, но мојот совет е следен, ако сака да игра до 2050 година, треба да оди во Јувентус“.
„Јас сум благодарен на тој клуб, затоа што после Манчестер Јунајтед, со нив успеав да трчам и да освојувам трофеи. Никогаш не би плукал во чинијата од која се хранев, Јувентус секогаш ќе биде дел од моето срце“, порача вицкастиот Патрис Евра.
Славниот и одличен бек три сезони ги помина во дресот на Јувентус.