Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Интер полека јха губи битката околу потписот на Ромелу Лукаку, па сега Јувентус е во пол-позиција за потписот на Белгиецот.
„Старата дама“ договори трампа со Манчестер Јунајтед, така што на „Олд Трафорд“ ќе замине Пауло Дибала, а Јувентус за возврат ќе го добие Лукаку плус 15 милиони евра.
Меѓутоа, во моментов недостасува договор меѓу „црвените ѓаволи“ и Дибала. Аргентинецот преферира да остане во Италија и бара голема плата за да се пресели на „Олд Трафорд“.
„Кориере дело Спорт“ тврди дека таквата ситуација сака да ја искористи Интер за да го „возврати ударот“, па „нероаѕурите“ испратиле понуда до Аргентинецот.
Сепак, голем проблем за Интер ќе преставува обештетувањето затоа што челниците на Јувентус бараат најмалку 80 милилиони евра за услугите на Дибала. Притоа Аргентинецот бара 10 милиони евра по сезона, што исто така може да биде проблем за „нероаѕурите“.
Во случај Дибала да се согласи да се пресели во Интер, Јувентус за возврат ќе го бара Мауро Икарди, кој ги одбива сите понуди бидејќи сака преселба во Торино.