Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Интер планира да направи вистинска реконструкција на тимот во летниот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Покрај сериозните најави дека на кормилото може да дојде Антонио Конте, спортскиот директор Марота веќе работа на големи засилувања на тимот.
Мауро Икарди кој се очекува да го напушти Интер на крајот на сезоната после целиот скандал, а „нероаѕурите“ веќе ја започнаа потрагата по негова замена.
Француските медиуми пренесуваат дека Интер испратил понуда тешка 60 милиони евра за ѕвездата на Лил, Николас Пепе.
23-годишниот напаѓач е вистинска сензација оваа сезона во Лига 1 и го привлече вниманието на многу европски гиганти меѓу кои Арсенал, Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед.
Пепе е репрезентативец на Брегот на слоновата коска и оваа сезона постигна 20 гола во 35 настапи за Лил притоа запиша и 14 асистенции.
Интер веќе стапил во контакт со неговите агенти и сака да ја победи конкуренцијата бидејќи во него гледа идеална замена за Мауро Икарди.
Претседателот на Лил вчера изјави дека Пепе сигурно ќе биде продаден по завршување на сезоната и откри дека веќе пристигнале четири понуди за младиот напаѓач.