Home Спорт Интер спрема голем пазар: 150 милиони за три ѕвезди!

Интер спрема голем пазар: 150 милиони за три ѕвезди!

Богатите кинески сопственици на Интер сакаат да направат тим кој одново ќе биде конкурентен во Италија и Европа и за таа цел спремиле буџет од 150 милиони евра.

„Нероаѕурите“ оваа сезона играат очајно, па сопствениците веќе им ја отвориле излезната врата на неколку фудбалери, а следното лето спремаат голема реконструкција и сакаат да доведат неколку ѕвезди.

Најголеми желби се Марко Верати од ПСЖ и Хамес Родригез од Реал Мадрид, но и дефанзивецот на Бенфика, Виктор Линделоф.

Медиумите тврдат дека Интер за ова фантастично трио е спремен да плати неверојатни 150 милиони евра.

Сепак, ова нема да биде лесна задача за Интер бидејќи е познато дека Верати и Хамес Родригез се трансфер мета на многу клубови ширум Европа кои исто така се финансиски моќни.

Притоа, додатен проблем за „нероаѕурите“ ќе биде доколку не успеат да се пласираат за Лигата на шампиони следната сезона.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…