Home Спорт Интер со стил испадна од Лига на шампиони – феноменален гол на Лаутаро на Енфилд (снимка)

Интер со стил испадна од Лига на шампиони – феноменален гол на Лаутаро на Енфилд (снимка)

Дербито на вечерта во Лигата на шампионите синоќа се играше на „Енфилд“ каде што Ливерпул го пречека Интер.

Првиот натпревар во Италија, Ливерпул го доби со 2:0 и на крајот успеа да ја задржи таа предност иако тоа не им беше лесно. Во првиот дел не видовме многу прилики, по некоја имаше и на двете страни, но мрежите мируваа.

Лаутаро Мартинез во 62. минута постигна еден еврогол и го врати Интер во игра. Сепак, само една минута подоцна Алексис Санчез после еден невнимателен старт заработи втор жолт картон и беше исклучен.

Од тој момент Ливерпул ја контролираше играта и ја имаше топката во свој посед. Салах немаше среќа да постигне гол и два пати ја погодуваше стативата. На крајот Интер однесе победа која сепак не им беше доволна, па тимот на Клоп продолжува во следната фаза.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…