Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Интер сака да ја тргне клаузулата од договорот на Мауро Икарди, но тешко дека ќе успее во тоа, па на „Џезепе Меаца“ се свесни дека можат да го загубат напаѓачот, пренесуваат италијанските медиуми.
Раководството на Интер инсистира да започне преговори за нов договор, но добија допломатски договор од Ванда Нара дека сега не е време за тоа, и дека Икарди е фокусиран на сезоната и желбата да оди на Мундијал со Аргентина.
Напаѓачот во својот договор има откупна клаузула од 110 милиони евра, што нема да претставува никаков проблем за неколку европски гиганти.
Тоа се пред се Реал Мадрид, кој бара замена за Бензема, но и ПСЖ и Челзи кои исто така се интересираат за Аргентинецот.
Наводно во Интер се свесни за можноста да го загубат Икарди, па како негова замена го сакаат Хари Кејн, но тоа во моментов изгледа како „невозможна мисија“. Поради тоа „нероаѕурите“ ќе се насочат кон Андреа Белоти од Торино.
Италијанскиот репрезентативец во последно време е надвор од форма, но сака да ја промени средината, па Интер може да ја искористи таквата ситуација.
Икарди неодамна изјави дека не планира да го напушти Интер, но споменатите клубови му нудат двојно поголема плата од таа која ја заработува на „Џезепе Меаца“.