Интер повторно на шопинг во Манчестер


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Италијанскиот гигант Интер во летниот преоден рок се засили со двајца фудбалери од Манчестер Јунајтед, а сега сака да донесе уште еден фудбалер на „црвените ѓаволи“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер во јануарскиот преоден рок ќе тргне во офанзива по потписот на Немања Матиќ.

Матиќ е голема желба на Антонио Конте кој одлично го познава и му наредил на раководството да се обиде да го ангажира фудбалерот во јануари.

Матиќ оваа сезона е во немилост на Солскјер и има многу мала минутажа, притоа е во последната година од договорот, па многу веројатно дека ќе ја промени средината уште во јануари.

Интер за да го донесе Матиќ најпрво ќе треба да се ослободи од Борха Валеро кого не успеаја да го продадат во летниот преоден рок.

Медиумите пренесуваатд дека „нероаѕурите“ ако не успеат да го донесат во јануари, тогаш ќе се обидат да потпишат преддоговор со него и да го донесат следното лето како слободен агент.