Home Спорт Интер не запира – договори уште едно големо засилување

Интер не запира – договори уште едно големо засилување

Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер постигнал договор со Сасуоло за трансфер на италијанскиот репрезентативец, Матео Политано.

24-годишниот крилен напаѓач одигра фантастична сезона во Сасуоло и го привлече вниманието на сите големи италијански клубови, но Интер беше најбрз и ја победи конкуренцијата.

Двата клуба денес постигнале договор, па Политано ќе пристигне во Интер на едногодишна позајмица со право на откуп. „Нероаѕурите“ за позајмицата ќе платат 5 милиони евра, а следното лето ќе можат да го откупат за додатни 20 милиони евра.

Политано беше желба на тренерот Спалети и ќе биде алтернатива за Перишиќ и Кандрева на крилните позиции.

Ова ќе биде трето засилување за „нероаѕурите“ после Де Вриј, Асамоа и Раџа Нанголан.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…