Интер на чекор до големо засилување


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер е силно заинтересиран во своите редови да го донесе Бразилецот од Шахтјор, Бернард.

25-годишниот Бернард веќе пет сезони е член на Шахтјор и неговиот договор истекува на крајот на сезоната, на „нероаѕурите“ сакаат да ја искористат ситуацијата и да го донесат во Милано без обештетување.

Крилниот фудбалер сака да ја промени средината и нема намера да го продолжува договорот со украинскиот клуб, а Интер веќе стапил во контакт со неговиот агент.

„Спортмедиасет“ пренесува дека Интер му понудил 5-годишен договор тежок 3 милиони евра по сезона и е многу блиску до договор со фудбалерот.

Доколку постигнат договор, Беранрд ќе биде второто големо засилување на Интер за следната сезона и тоа за 0 евра, после дефанзивецот Де Вриј од Лацио.