Интер купи Бразилец и го испрати во Парма


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Италијанскиот клуб Парма денес и официјално го претстави 18-годишниот бразилски голман Габриел Бразао.

Тинејџерот пристугна во Парма од бразилски Крузеиро, и ќе игра за „млекарите“ до крајот на сезоната, а потоа ќе се пресели во Интер.

Италијанските медиуми откриваат дека Интер е сопственик на правата на голманот и само го испраќа на шестмесечна позајмица во Парма, која може да биде продолжена на уште една година.

Во моментов „нероаѕурите“ немаат место во тимот за играчи надвор од Европска Унија, па решија да ја комплетираат зделката заедно со Парма.

На сличен начин Интер во 2005 година донесе друг бразилски голман – Жулио Цезар, кого најправо го испрати на позајмица во Киево, а потоа Бразилецот испиша историја на „Џузепе Меаца“.

Бразао важи за еден од најталентираните голмани во Јужна Америка и за него интерес покажуваа многу европски клубови, но „нероаѕурите“ успеаа да ја победат конкуренцијата.

Бразилецот од следната сезона би требало да биде втор голман во Интер, односно да биде замена за капитенот Самир Хандановиќ. Во меѓувреме италијанските медиуми пренесуваат дека Интер започнал преговори со Хандановиќ за нов договор и наскоро словенскиот чуван на мрежата ќе стави потпис на нов договор од 2022 година.

Хандановиќ е на „Џузепе Меаца“ од 2012 година, а неодамна беше промовиран и за капитен на тимот, откако му беше одземена капитенската трака на Мауро Икарди