Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Италијанските медуми пренесуваат дека Интер ја добил битката со Јувентус и го договорил трансферот на ѕвездата на Аталанта, Роберто Гаглиардини.
Гаглиардини е играч за врска која има 22 година и оваа сезона блесна во дресот на Аталанта, па готово сите големи италијански клубови беа заинтересирани за неговиот потпис.
Главната битка се водеше меѓу Интер и Јувентус, а последните информации говорат дека „нероаѕурите“ го договориле трансферот и за потписот на играчот ќе платат 27 милиони евра.
Гаглиардини важи за еден од најголемите таленти на Апенините, а Интер со овој трансфер само ја потврдува новата политика да се ориентира на италијански фудбалери.