Интер испрати скаути – ја сака новата аргентинска ѕвезда


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Раководството на Интер испратило скаути во Аргентина кои внимателно ќе ја следат ѕвездата на Ривер Плата, Езекил Паласиос, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер е решен да ја продолжи аргентинската линија во тимот, бидејќи многу Аргентинци веќе се запишаа во историјата на миланскиот клуб, а моментално прва ѕвезда е Мауро Икарди.

Паласиос е играч за врска кој има само 20 години, но веќе подолго време е на радарот на европските гиганти.

Интер специјално ќе го следи неговиот настап во полуфиналето од Копа Либертадорес против Гремио, а добра вест за „нероаѕурите“ е што играчот има откупна клаузула од 15 милиони евра.

https://youtu.be/1sXNIzfLRAw