Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Фудбалерот на Лион, Лукас Тусар е голема трансфер желба на Интер и Тотенхем, пренесуваат италијанските медиуми.
21-годишниот играч за врска пристигна во Лион од Валенсиен во 2015 година за 3 милиони евра, но со своите добри партии го привлече вниманието на европските гиганти.
Неговата цена постојано расте, а Интер не сака да губи време и веќе испратил скаути да ги следат неговите настапи.
Лукас Тусар би бил идеално засилување за Спалети во формацијата 4-2-3-1 и поради тоа „нероаѕурите“ го сакаат фудбалерот уште во јануари.
Сепак, проблем за Интер што и Тотенхем е сериозно заинтересиран па ќе имаат голема конкуренција за потписот на младиот Французин.