Интер го сака Сусо, еве што одговори Милан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Интер покажува сериозен интерес за ѕвездата на градскиот ривал, Сусо.

„Нероаѕурите“ и минатото лето се обидоа да го донесат Сусо во своите редови, но тогаш Шпанецот го продолжи договорот со „росонерите“.

Сусо има откупна клаузула во својот договор од 40 милиони евра, но таа важи само за клубовите надвор од Серија А. Раководството на Интер веќе имало средба со агентот на фудбалерот и преку него го информирале градскиот ривал за интересот.

Сепак, Милан не ни помислува да го пушти Шпанецот во редовите на градскиот ривал, па „Спортмедиасет“, пренесува дека спортскиот директор Мирабели иронично му потврдил на агентот „може ако за возврат ги добиеме Перишиќ и Икарди“.

Со ваквиот одговор „росонерите“ сакаат да му стават на знаење дека Сусо не е на продажба, но медиумите тврдат дека Интер нема лесно да се откаже од шпанскиот крилен напаѓач.