Интер го избра новиот тренер, навивачите незадоволни!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Заврши сагата околу новиот тренер на Интер. Денес „нероаѕурите“ и официјално ќе го назначат Стефано Пиоли за наследник на Франк де Бур.

Изминативе денови главна тема на Апенините беше изборот на новиот тренер на Интер, особено поради фактот што неколку тренери беа дојдени во Милано на разговор со клубот, а во самото раководство имаше две спротиставени струи.

Иако се чинеше дека шпанскиот стратег Марселињо ќе биде новиот кормилар, сепак вчера стигна потврда дека раководството го избрало Стефано Пиоли бидејќи сакале италијански стратег.

Пиоли денес ќе потпише договор со „нероаѕурите“ до 2018 година, со клузула истиот да може да се раскине на крајот на сезоната.

Информацијата дека Пиоли ќе биде нов тренер не наиде на воодушевување кај фановите кои сметаат дека тој нема капацитет да води голем клуб и не може да биде долгорочно решение.

Новиот тренер на „нероаѕурите“ ќе дебитира во големото дерби против Милан кое на програмата е на 20-ти ноември, веднаш после репрезентативната пауза.