Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Иако на почетокот на преодниот рок се чинеше дека Иван Перишиќ сигурно ќе го напушти Интер, сепак Хрватот остана на „Џезепе Меаца“, а италијанските медиуми најавуваат дека наскоро ќе потпише нов договор.
Манчестер Јунајтед беше силно заинтересиран за неговите услуги, Мурињо испрати неколку богати понуди, но „нероаѕурите“ ги одбија сите „напади“ и успеаа да го задржат Перишиќ во своите редови.
Хрватскиот репрезентативец е еден од најважните играчи на Интер, па раководството реши да му понуди нов, побогат договор и така да се заштити од нападите на Јунајтед.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Перишиќ наскоро ќе потпише нов договор до 2022 година и ќе добива 4,5 милиони евра по сезона. Тоа значи дека Хрватот заедно со Икарди ќе биде најплатен фудбалер на „нероаѕурите“.
Важно да се напомене е дека во новиот договор на Перишиќ нема да има откупна клаузула!