Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Стефано Пиоли минатиот месец го превзеде Интер од Франк де Бур и полека почнува да ги подигнува „нероаѕурите“ на посакуваното ниво, а од раководството побара да му биде донесен еден дефанзивец играч за врска.
Иако Интер има неколку фудбалери на таа позиција, Пиоли не е задоволен од Филипе Мело и Кондогбија, а Медел го прекумандува во дефанзивата, па во јануарскиот рок сака да му биде донесен еден заден везен.
Прва опција е францускиот интернационалец и играч на Олимпик Марсеј, Ласана Диара, кој оваа сезона игра во одлична форма, а како негова алтернатива се споменува Милан Бадељ од Фиорентина.
Интер ја следи ситуацијата и околку Џон Оби Микел кој би можел да го напушти Челзи без обештетување оваа зима, па Нигериецот би бил најефтина варијанта за „нероаѕурите“.
Најтешко остварлива цел е секако Лукас Биглија од Лацио, бидејќи римскиот клуб за неговата слобода бара најмалку 25 милиони евра.