Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
ВМРО ДПМНЕ и ДУИ не се откажуваат од своите ставови и услови за формирањето нова влада, но најавуваат дека ќе седнат на преговори.
И двете страни велат дека тоа се очекува да се случи во текот на неделава, но извори од ВМРО ДПМНЕ неофицијално велат дека интензивни преговори ќе има дури наредната недела. Според изворите, оваа недела не се исклучува да има размена на ставови, но за главните преговори се чека на одобрение од лидерите на двете партии, Никола Груевски и Али Ахмети.
Откако ДУИ пред неколку дена ги соопшти црвените линии во преговорите, ВМРОДПМНЕ одговори со иста мерка, но сопартијците на Груевски вчера најавија дека преговори сепак ќе има.
Антонио Милошоски изјави дека очекува во текот на следната недела ВМРО ДПМНЕ официјално да ги почне преговорите со ДУИ за состав на нова влада, а дали ќе успеат ќе се знае на истекот од законскиот рок, 29 јануари. Но тој повтори дека ВМРО ДПМНЕ не планира да формира влада по секоја цена.
Трајко Вељаноски, пак рече дека е убеден оти во наредниот период, до 29 јануари, ќе се затворат сите отворени прашања: најпрво, завршување на конститутивната седница, и создавање на влада. Тој изрази надеж дека ќе се најде решение за сите отворени прашања што лебдат и ќе се излезе со едно позитивно решение, за тоа што и најнеопходно на Република Македонија во овој момент. Но повтори дека ВМРО ДПМНЕ нема да дозволи менување на Уставот, ниту продолжување на мандатот на СЈО.
Од ДУИ остануваат на ставот дека партијата определила своја агенда за преговорите, базирана на врз декларацијата на албанските политички партии, платформата на ДУИ и одлуките на централното раководство и се очекува во текот на неделава преговорите да почнат.
Рокот за составување на новата влада е 29 јануари.