Интензивиран македонскиот извоз кон Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија го интензивира извозот во Русија. Огромен е интересот за нашите производи на овој голем пазар, покажуваат најновите податоци за размената.

Како што беше речено денеска на прес-конференција во Македонско руската стопанска комора, извозот во 2016 година достигнал 48,9 милиони евра што е раст за 39,5 отсто во однос на 2015, а намален е и трговскиот дефицит од 153 на 142,9 милиони евра. Вкупната трговска размена лани била 191 милион евра или 15 проценти повеќе од 2015 кога изнесувала 189 милиони евра.