Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холивудската актерска ѕвезда Скарлет Јохансон ја одби понудената улога на ликот од фоторепортерката Линзи Адарио, добитничка на Пулицеровата награда, откако дозна дека филмското дело, меѓу другите, ќе биде финансирано и од саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Филмот треба да го режира Ридли Скот и се најавуваше како вистински блокбастер. „Скарлет Јохансон рече дека не доаѓа предвид. Поради тој човек сè уште трае војната во Јемен Тој става жени во затвор“, изјави славната фоторепортерка Адарио за Њујорк Тајмс.
„Одлуката беше донесена пред убиството на Кашоги, кога тој стана еден од главните финансиери на филмот. Не сум го запознала лично. Сакаше изгледа да му покаже на Западот дека го интересира Холивуд. Сакам ли тој да биде вмешан во овој филм? Очигледно не, и фала му на Бога за тоа“ изјави фоторепортерката.
Во април Бин Салман бил во Холивуд , каде се сретнал со екипата, која се подготвувала за финансирање на филмот. Неговата посета тогаш предизвика масовни протести.
Линдзи Адарио и нејзината приказна за воените подрачја во светот, тебаше да биде темата на филмот. Таа била два пати заробена и силувана додека била во затвор во Либија.
Филмот сепак ќе се снима и тоа без финансиска поддршка од саудискиот принц. Ќе го режира Стивен Спилберг, а во главната улога ќе настапи Џенифер Лоренс.