Intel го купува Mobileye за 15,3 милијарди американски долари


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Американскиот технолошки гигант Intel објави дека за 15,3 милијарди американски долари ќе го купи израелски Mobileye, влегувајќи со оваа аквизиција на голема врата во сегментот на автономни автомобили.

Станува збор за најголемата прекугранична аквизиција на израелските компании, истакнуваат тамошните медиуми.

Компанијата, заедно со одделот на Intel за автономно возење, ќе има седиште во Израел, а ќе ја води Амнон Шашуа, коосновач на Mobileye, претседател и главен технолошки директор.

Intel и Mobileye веќе соработуваа со германски BMW на развој на автономни автомобили, а очекуваат нивното здружување да креира глобален лидер во сегментот на автономно возење, што на крајот може да доведе до пониски цени за потрошувачите.