Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јазикот е нашата единствена татковина. Сѐ додека го чуваме и негуваме македонскиот јазик, ќе може да сметаме дека ја имаме и татковината. Вака своевремено зборуваше основоположникот и кодификатор на современиот македонски јазик, Блаже Конески.

– Јазикот е непресушен извор, кој треба постојано да се следи, негува и надградува, но во реалноста сликата е сосема спротивното. Имено, со текот на годините згаснува интересот за изучување на македонски јазик. Тоа го покажуваат и бројките од Универзитетот “Свети Кирил и Методиј”, каде во моментов на катедрата по македонски јазик и книжевност студираат вкупно 118 студенти, што е за триесетина студенти помалку во однос на минатата год, кога имало 147. – вели Проф. д-р. Никола Јанкуловски, ректор на УКИМ.

Со став дека денес, македонскиот јазик ги живее најдраматичните и најкритичните моменти од своето постоење е и професорката и македонистка Елка Јачева-Улчар.

„Денес, за оние на југот македонскиот јазик не постои, оти таму некој се договорил дека нема луѓе што зборуваат македонски. На исток, некој во моментов се договара дека нема Македонци што зборуваат македонски долу под Пирин. На мојот мајчин јазик дома му е куса љубовта од младите Македонци, на мојот мајчин јазик му е кусо знаењето на учителите на младите Македонци. Само едни нешта ич не му се куси, неговата уникатност на која се испишани страници и страници литература, неговата милозвучност на која се испеани најубавите народни песни на Балканот… па затоа и ќе живее долго… толку долго колку што ќе живее и последниот човек што зборува македонски…“. – вели проф. Елка Јачева-Улчар, македонистка и професор во Институтот за македонски јазик.

На половина од околу шест илјади јазици што се зборуваат во светот им се заканува исчезнување, па така во последните три века изумираат или драматично се намалува бројот на јазици.

Министерката додаде дека биле дадени конструктивни забелешки за дооформување на Предлог-законот, кој наскоро ќе биде во владина процедура, а потоа на усвојување во Собранието.

Инаку, денес се одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, а македонскиот јазик претставува целосно оформен, современ литературен јазик, со долга историја на неговото создавање.