Instax Mini 9: Ретро апаратче кое вади инстант фотки – мерак за сите „хипстери“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Instax Mini 9 е преносен фотоапарат кој нуди вистинско ретро задоволство: За неколку секунди изработува фотографии, исто како и старите фотоапарати.

Уредот се пали на копче што се наоѓа до леќите, па следи автоматско одредување светлина, а потоа го информира корисникот за поставките по што ја избираме опцијата за изработка на фотографијата.

Фотоапаратот содржи леќи за фотографирање одблизу, како и мало „селфи“ огледало. Работи на АА батерии.

Апаратот користи мал филм, што чини 12,49 долари. Цената на самиот фотоапарат пак, е 64,50 долари, а достапен е и на интернет страницата Amazon.