Инстант казна: Со џип влета во пешаци – минувачите го претепаа на лице место


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На видеото објавено на социјалните мрежи, кое беше снимено од безбедносните улични камери во кинескиот град Шенгду, се гледа како возач на бел џип се обидува да сврти среде крстосница, притоа кршејќи повеќе сообраќани правила.

И покрај тоа што веднаш до џипот стоеше сообраќаен полицаец, кој, како што се гледа на снимката, се обидуваше да му сугерира на возачот како да излезе од крстосницата, сепак возачот не успеа да се снајде.

Еден од пешаците, видно изнервиран поради неснаодливоста на возачот се приближи и се обиде да ја отвори вратата од џипот по што возачот забрза, но поради неприспособената брзина влета во толпа пешаци и други учесници во сообраќајот, при што покоски неколкумина од нив.

Додека повредените останаа да лежат на земјата, гневните граѓани и другите возачи на автомобили, кои избегнаа да бидат цел на возачот, дојдоа до белиот џип од кој го извлекоа возачот и почнаа жестоко да го тепаат. Човекот подоцна бил уапсен и обвинет за загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот.