Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Холандската инфлуенсерка Рианe Меијер објави фотки кои ги прикажуваат реалните ситуации пред да настане некоја совршена фотка која ќе ја постави на Инстаграм.
Ријанe Меијер е позната холандска инфлуенсерка со над 400.000 следбеници која често објавува фотки на кои го покажува нејзиниот префинет моден вкус, стил и сл. Но, освен таквите фотки таа на својот профил во последно време често објавува и фотографии кои настанале во процесот на барање на најсовршеното решение.
Така, со овој потег на сите им даде до знаење дека Инстаграм е само разубавена верзија на реалноста и дека никој не води совршен живот како што го претставува.
Во разговор за магазинот Инсајдер, Рианe вели дека сака да го сврти вниманието на оваа тема и дека на сите сака да им испрати позитивна порака за младите генерации да не се чувствуваат лошо, бидејќи фотките од инфлуенсерите не се 100 посто реални и совршени како што се прикажани – нешто заради филтрите и останатите апликации за разубавување, но и заради често одглумените и испозирани ситуации. За да се добие саканата фотка некогаш треба и над 100 обиди, а еве како изгледа тоа кај неа.