Инспиративна животна приказна: Тој е првиот човек со ампутирани раце и нозе кој го искачи Матерхорн


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во 1999 година Џејми Ендру од Шкотска заедно со неговиот партнер Џејмс Фишер ги фаќа сериозно невреме на северната стена на Les Droites на Мон Блан. Лошите услови траат околу пет дена каде двајцат се заробени на врвот. Фишер не успева да преживее, а Џејми ги губи сите негови четири екстремитети поради премрзнатини. Остатокот од мотивацијата за понатамошно движење во планините и многуте други активности покрај Матерхорн го запишува човекот во историјата на планинските спортови.

Несреќата на Мон Блан според кажувањата на Џејми се случува поради недоволно добра и прецизна временска прогноза која не успеала да го најави големото невреме во тој дел од планината. Џејми и Фишер биле спремни за еден бивак на врвот по кој би се спуштиле наредниот ден.

Сепак, работите се компликуваат и наврската останува заробена во текот на 5 последователни дена на врвот во екстремно лоши временски услови и ниски температури. По невремето и некаде пред доаѓањето на спасувачката екипа Фишер паѓа од сртот на планината, а Џејми успева да се извлече жив но со сериозни премрзнатини на рацете и нозете кои го оставаат со скоро целосно ампутирани екстремитети.

18 години подоцна тој успева да стане првиот целосно ампутиран качувач на Матерхорн но приказната за успехот во Швајцарија е само мал дел од исклучително инспиративната и мотивациска приказна која доаѓа по несреќата на овој млад човек.

Многу бргу по несреќата, желбата за повторен контакт со природата во било каква форма го тера Џејми екстремно брзо да се врати на минатите патеки. За некои три ипол месеци тој ги совладува протезите за движење и веднаш започнува со покомплексни спортови како трчање, пливање, скијање и сноуборд чии везови ги монтирал директно на протезите.

„Откако ја прифатив ситуацијата и започнав позитивно да размислувам, ми се врати целиот ентузијазам и започнав напорно да работам на совладување на нови движења и техники што побрзо и подобро.” – вели Џејми.

Планинарењето со помош на протезите бил еден од природните еволутивни процеси на Шкотланѓанецот, па само 1 ипол година по несреќата тој ја искачува највисоката планина во Британија.

Потоа започнува да качува мраз со специјални протези со бајли, плови на Северното Море, завршува фул Ајронмен и едноставно не престанува да го истражува светот и себеси од поинаква перспектива.

Откако го качува Килиманџаро и за само 200 метри не успева да се искачи на Мон Блан поради лошо време, тој ги врти погледите кон алпската икона Матерхорн. Обидите започнуваат во 2012 година но по неколку години и серија на неуспешни обиди најмногу поради лоши временски услови тој дури во 2016 заедно со водачите Стиви Џонс и Стиви Монкс тој успева да се искачи и да го исполни својот сон.

„Планината е само планина. На крајот на краиштата тоа е една бесмислена работа ако во текот на искачувањето не ги надминеш и „искачиш” своите внатрешни бариери.” – Џејми Ендру.

Извор: karas4training