Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Новиот, едноставен тест на крвта кој функционира со поддршка на вештачка интелигенција може да детектира 50 различни вида канцер, вклучително и некои што се особено агресивни или тешки за откривање за лекарите.
Знаеме дека раната детекција на ракот може да биде клучна за спасување живот и научниците долго време бараа едноставен и сигурен тест на крв. Додека новиот тест сѐ уште е во рана фаза на развој, голем опит во кој беа вклучени 6.689 примероци на крв даде ветувачки резултати.
Повеќе од 99 отсто од позитивните детекции биле точни, што значи дека има мала шанса за скапа и непотребно стресна лажно позитивна дијагноза. Сепак, сѐ уште има одреден ризик за давање лажна потврда на пациентите – тестот детектирал присуство на рак во 44 отсто од случаите во 50 различни вида рак.
Дополнително, колку понапреден бил ракот, толку посензитивна била детекцијата, па 18 отсто од детекциите во рана фаза се подобрувале на повеќе од 90 отсто ако ракот бил во некоја од подоцнежните фази.
Тестот се заснова на компјутерска програма тренирана да пребарува низ делови на ДНК кои нормално циркулираат во нашата крв, идентификувајќи фрагменти кои доаѓаат од тумори. Во овој случај истражувачите ја фокусирале програмата на детектирање кога овие делови на ДНК биле метилирани – хемиска индикација која покажува дали гените се активни или неактивни кога се во нивните клетки.
Истражувачите го истренирале алгоритамот да анализира шеми на метилација на ДНК од илјадници примероци на крв, пред да му дадат 1.531 примерок од луѓе со рак и 1.521 без. Програмата ги групирала во слични шеми и истражувачите потоа ја научиле вештачката интелигенција која шема го одразува кој тип рак, пред да ја стават на тест.
Друга предност од фокусирање на оваа епигенска карактеристика на метилацијата е што дава насоки за видовите на ткива од кои доаѓаат ДНК-фрагментите.
– Тестот не само што го демонстрира присуството на рак, туку обезбедува и точна адреса до видот на рак и каде здравствените професионалци треба да бараат малигност – вели имунологот Мајкл Сајден.
Системот бил способен да го одреди потеклото на ракот во повеќе од 90 отсто од опитите каде што бил детектиран рак. Оваа информација е клучна за смислување стратегии за лекување.
Сепак, има уште некои проблеми што треба да се решат, како што е ниската стапка на детекција на рак во рана фаза. Сепак, оваа студија е охрабрување за потенцијалот на анализата на тестовите на крв со помош на вештачката интелигенција.