Иновација на Volvo – управувач кој може да се преместува од лева на десна страна


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Шведскиот автомобилски производител Volvo патентираше интересна иновација поврзана со управувачот на нивните автомобили.

Автомобилискиот гигант патенираше систем кој овозможува воланот и инструмент таблата во автомобилите да лизгаат од една на друга страна.

Можеби ова звучи и делува неверојатно, но Volvo со својот најнов патент покажа дека покрај автономната технологија такво нешто станува реалност. Од шведскиот производител на автомобили истакнуваат дека нивниот изум сигурно ќе има големо влијание во целото општество.

Новиот изум би овозможил сопатникот да стане возач во текот на возењето со само едно преместување на воланот од лева на десна страна од автомобилот или обратно.

Сепак од Volvo засега не откриваат како тоа би фукционирало и дали тоа значи дека на двете страни од автомобилот би имало педали за гас, кумплуг и сопирачка. Концептот сè уште е во развојна фаза.