Иноваторот кој го измисли мобилниот телефон награден со Награда за животно дело


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Мартин Купер, човекот кој го измисли мобилниот телефон, ја доби Наградата за животно дело на Светскиот конгрес за мобилни комуникации во Баселона, Шпанија, најголемиот саем за безжични комуникации во светот.

Држејќи го во рацете прототипот на првиот мобилен телефон наречен „цигла“, од пред 50 години, Мартин Купер зборуваше со оптимизам за иднината на мобилната технологија. Опишувајќи се себеси како сонувач, Купер изрази надеж дека напредокот во технологијата за мобилна телефонија има потенцијал да ги револуционизира полињата како што се образованието и здравствената заштита, но исто така, изрази загриженост за опасностите што паметните телефони ги претставуваат за приватноста и за младите.

– Моето најнегативно мислење е дека веќе немаме приватност затоа што сѐ за нас е снимено и достапно за некој кој има доволно силна желба да го види или слушне, рече 94-годишниот Купер.

Покрај „ерозијата на приватноста“, Купер изрази загриженост и поради „споредните последици“ што ги имаат паметните телефони врз корисниците на интернет-просторот, како што е зависноста од интернет и полесен пристап за децата до штетни содржини.