Иницијативата за заедничко родителство против дискриминацијата на „Една може“!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод објави соопштение по повод дискриминирачките пораки и вознемирувачката кампања на „Една може“ против татковците. Го објавуваме во целост:

Сведоци сме дека во текот на изминатава недела се поведе хајка/напади на социјалните мрежи против Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод, благородна иницијатива која пред се е во интерес на детето. Нападите одеа во насокадеканашата Иницијатива упатува дискриминаторски пораки кон самохраните мајки и мајките воопшто.
Поради тоа чувствуваме потреба да ја запознаеме пошироката јавност со следното:

1. Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод се залага за еднакво , одговорно присуство на ДВАЈЦАТА родители во животот на детето, независно од нивниот брачен статус. Во таа смисла, никогаш не сме изнеле тврдење дека „татковците претставуваат поодговорни родители од мајките”.

Сметаме дека родителската одговорност не е определена ниту со пол, ниту со брачен статус и дека на секое дете му се потребни двајцата еднакво посветени родители. Затоа, нашата заложба е на секој родител кој сака, може и е подобен одговорно да се грижи за своето дете, тоа да му биде законски овозможено преку воведување законски гарантиран концепт на заедничко родителство.

Ова е нашата една и единствена заложба.

2. Иницијативата за заедничко и одговорно родителство по развод дава поддршка на претстоечките законски измени во насока на дефинирање на еднородителските семејства и воведување на низа мерки на поддршка од страна на државата кон ваквите семејства.

Во таа смисла, воведувањето на концептот на заедничко и одговорно родителство е неопходно за да државата прецизно ги дефинира еднородителските семејства. Имено, во услови кога постојат два родитела кои сакаат, можат и се подобни да се грижат за своето дете, примарен извор на поддршка за родителот кој се соочува со предизвици во одгледувањето и воспитувањето на своето дете треба да биде другиот родител, а не државата.

3. Во сите јавни настапи и на сите состаноци јасно и недвосмислено истакнуваме дека ОВАА ИНИЦИЈАТИВА НЕ ГИ ПОДДРЖУВА НАСИЛНИЦИТЕ свесни дека најголем број жртви на насилство се жени. Затоа нашите предлози за заедничко и одговорно родителство по развод не важат за неподобните родители, меѓу кои и такви за кои во судска постапка со правосилна пресуда е докажано дека се извршители на насилство. Во исто време, не треба дасе премолчува фактот дека во моментов постои огромен број ДЕЦА КОИ ТРПАТ НАСИЛСТВО ВО ФОРМА НА РОДИТЕЛСКО ОТТУЃУВАЊЕ (изолирање од едниот родител), а кое насилство во голема мера ќе се редуцира со воведување на законски гарантираниот концепт на заедничко и одговорно родителство.

Сите овие наши ставови и заложби се искажани јавно на состаноците кои ги имавме со различни организации, а ги имаат лично слушнато и повеќето предводници на тековниот обид за дискредитирање на нашата иницијатива.
Го прифаќаме фактот дека како резултат на постојниов дискриминирачки систем и пракса за доделување на децата на чување и воспитување после развод исклучиво на еден родител, одредени поединци на нашата фејсбук група ја имаат искажувано сопствената немоќ и разочараност на несоодветен начин и ние правиме се што е во наша моќ за да се зголеми контролата врз нашата група со цел ова да се смени.

Сепак, останува фактот дека постојниов систем на „еден родител после развод“ генерира огромно незадоволство кај огромен број семејства и огромен број деца остануваат отсечени од едниот родител и нивните најблиски по линија на тој родител.

Бидејќи оваа бројка од година во година со зголемувањето на бројот на разводи рапидно расте, сметаме дека е потребно итно донесување на законски измени и воведување рамноправно и одговорно родителство по развод,
За крај, би сакале да ја истакнеме нашата загриженост од дискриминирачките содржини кои се појавуваат на фејсбук страната на „Една Може” и на страниците на нејзините членки. Сведоци сме на написи кои ги навредуваат и дискриминираат татковците претставувајќи ги како насилници, родители кои избегнуваат одговорности околу децата, „лигави мамини синчиња” со многу лични навреди кон поединци, говор на омраза итн. За овие констатации приложуваме соодветна документација.

Исто така, не зачудува фактот што се инсистира да се отстранат спорните содржини од интернет просторот, а во исто време се прикажуваат постови кои ние ги имаме отстрането, а некој ги има зачувано за да очигледно ги извади во овој момент.

За да престанат овие надмудрувања преку соопштенија и по социјалните мрежи,уште еднаш ги повикуваме засегнатите од нашата Иницијатива, а особено претставничките на ,,Една Може” на ТВ дуел. За нас е зачудувачки зошто постои противење на идејата законски дасе овозможи децата даимаат двајца одговорни родители и по развод секогаш кога тоа е можно, па сметаме дека јавноста треба да ги слушне аргументите на двете страни.

Со почит,
Иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод