Иницијативата „О2“ обвинува: Милионите контролирани од екомафијата ја одложија забраната за увоз на отпад


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од екоиницијативата О2 ги повикуваат пратениците-координатори на пратеничките групи Јован Митрески, Никола Мицевски, Ејуп Алими, Емилија Александрова и претседателот на Собранието Талат Џафери да кажат за кој и каков проблем станувало збор, кој бил констатиран за да биде одложена расправата за измените во Законот за управување со отпад со кои се предвидува забрана за увоз на отпад во Македонија.

„Постои ли тема која може да ги обедини сите партии во Собранието? Секако дека постои, и секако дека е тоа на штета на граѓаните и јавниот интерес. Одбегнувањето на гласањето за законот за забрана на увоз на опасен отпад кој се користи како енергенс е најсвежиот пример од длабоките фотелји на т.н. народни претставници. Измените на законот кои без ниту една забелешка или амандман поминаа на собраниска комисија, денеска наводно заглавија поради координација на партиите. Всушност, на секој при здрава свест му е јасно дека планираните чекори во тајните собраниски ходници се само ПР алатка, со која партиите пред граѓаните и во јавноста, покажуваат наводна загриженост и подготвеност за усвојување на поостри мерки за контрола на опасниот отпад и намалување на загадувањето, а во суштина ќе направат сè за овој закон да не го види светлото на денот, а тие никогаш да не мора да се изјаснат за менувањето на трасата на милионските суми кои ги контролира еко – мафијата, регионална и локална. Наводното барање соработка со граѓанските организации, кампањските ветувања пред изборите во април, се само пуштање смог и магла во нашите очи. Иднината и реализацијата на овој закон, важен за сите нас, за нашето здравје, за чисти градови и села, за општествениот бенефит, нека ви биде почетокот на секоја идна комуникација со кој било од нас. Комуникација која може и комплетно да замре пред 12 април, тогаш кога најмногу ќе ви треба нашиот глас“, се вели во реакцијата на 02 иницијативата по одлагањето на расправата за измените во Законот за управување со отпад со кои се бара целосна забрана за увозот на отпад како енргенс.