Иницијатива Трамп да се отстрани од „Сам дома 2“ – идејата ја поддржа и Меколи Калкин


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


На интернет беше иницирана иницијатива за отстранување на ликот на Доналд Трамп од култниот божиќен филм „Сам дома 2“. Истата ја поддржа и актерот Меколи Калкин, кој го игра малиот Кевин Мекалистер.

„Ќе отвориме петиција во која бараме Трамп да биде отстранет од сцената во филмот „Сам дома 2“ и да биде заменет со 40-годишниот Меколи Калкин“, напиша една корисничка на Твитер. „Продадено“, ѝ одговори Калкин.

Калкин го поддржа и корисникот кој самиот го избриша Трамп од сцената.

„Браво“, му порача.

Режисерот на филмот изјави за „Инсајдер“ дека сцената со Трамп не била планирана, но тој ги присилил да му дадат улога.

„Тој рече дека смееме да го користиме неговиот хотел само ако и тој е дел од филмот.“

Трамп предизвика бес во јавноста откако неговите приврзаници провалија во Капитал и предизвикаа нереди.