Иниеста проговори за својата иднина, но не го откри новиот клуб!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Легендата на Барселона, Андрес Иниеста најави дека на крајот на сезоната заминува од „Камп Ноу“, а синоќа го одигра еден од последните натпревари во дресот на Барселона.

Иниеста и синоќа одигра фантастичен натпревар, а после мечот проговори за својата иднина и за шпекулациите.

„Секој клуб надвор од Европа е мојата можна дестинација. Читам информации дека нема да биде Кина, последно случнав дека ќе одам во Јапонија. Ќе разберете, ќе ви кажам јас. Ни останува уште малку од сезоната и сакам да се насладувам, а потоа ќе се насочам кон репрезентацијата и мојата иднина. Остануваат уште мали детали и кога ќе биде се готово ќе би соопштам“, изјави Иниеста.

За Барселона остануваат уште два меча до крајот на сезоната, а капитенот истакна дека ќе се насладува во последните натпревари со каталонскиот дрес.

„Ќе се обидам да уживам максимално, бидејќи остана уште малку. Најмногу сакам да бидам на теренот, а кога работие одат во права насока сум уште посреќен“, изјави Иниеста.