Иниеста имал сериозна мака со депресијата: Најдобар дел од денот ми беше кога…


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Андрес Иниеста во светскиот фудбал ќе остане запаметен како човек кој освои сè и на клупски и на репрезентативен план. Тој сè уште е активен и игра фудбал во Јапонија во дресот на Висел Кобе.

Иниеста сега одлучи да зборува на тема за која досега не се огласил јавно – за депресијата. Легендарниот Дон Андрес откри дека веќе подолго време бил во депресија.

„Одлучив сега да зборувам за моето ментално здравје и мојата борба со депресијата. Знам дека сум јавна личност, но некои работи морав да ги кажам такви какви што се. Во ниту еден момент не размислував дали некој ќе ме нарече луд или слаб…

Во борбата со депресијата најдобриот дел од денот ми беше кога земав апче и одев да спијам, ја губев животната радост. Легнував до сопругата и ми се чинеше како да гушкам перница.

Ништо не чувствував. Терапијата сè уште не ми е завршена и сè уште одам затоа што сакам да имам мир во себе“, изјави легендарниот фудбалер.