Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Извлечени се телата на двајцата планинари од Македонија од врвот Кајмакчалан и се симнуваат кон скијачкиот центар каде што доктори од итната служба ќе треба да констатираат дека момчето и девојката од Македонија се мртви, дознава МИА од грчката противпожарна служба.
Загината е Калина Велевска и 35-годишен маж чиј идентите засега не е познат, планинари што биле во група со планинари од Грција и Македонија. И МВР ја потврди информацијата.
Пред тоа, МВР соопшти дека во 3 часот по полноќ во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека на две лица-планинари им се загубила трагaтa на планината Ниџе.
Настанот го пријавиле членови на групата со кои планинареле. Според нивното кажување, кратко време откако тргнале да се искачуваат на планината од страната на Република Грција, на двајца нивни членови им се загубила трагата. За настанот биле известени и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и грчките погранични служби. Набргу потоа, телефоните на двајцата планинари биле лоцирани на 100 метри во територијата на Република Македонија.