Инфлуенсери снимале предизвик возејќи се во Ламборгини и направиле сообраќајка во која загина 5-годишно дете


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


5-годишно детенце загина во средата во сообраќајна несреќа во предградието на Рим, Италија, кога Ламборгини, кое превезувало група инфлуенсери, удрило во автомобил во кој се возело семејство.

Малиот Мануел Усело (5) седел во „Смарт“ со неговата мајка Елана (29) и помалата сестра Аурора (4). Тие штотуку излегле од градинката, кога „Ламборџинито“ во кое бил јутјуберот (20) со другарите, удрил во нивното возило.

Момчето починало во болница, додека неговата мајка и сестра се тешко повредени. Девојчето во меѓувреме е пуштено од болница.

Таткото, кој дотрчал на местото на несреќата пеш, се обидел да го нападне возачот, но случајни минувачи го спречиле во тоа.

Според истражителите, Јутјуберот и неговите пријатели позајмиле скапо возило за да снимат предизвик за нивниот канал на YouTube.

Зад воланот бил јутјубер, кој е обвинет дека нанел тешка телесна повреда и усмртил на пат.

На четворицата други учесници во несреќата засега не им е покренато обвинение.

Како што пренесува Corriere della Serra, групата два дена патувала со луксузното возило.

Меѓутоа, како возач почетник, Италијанецот не требало да седи зад воланот на Lamborghini Urus (666 КС). Обвинителите се сомневаат дека обвинетиот возел пребрзо и несовесно кога удрил во Смарт автомобилот.

На местото на несреќата полицијата не констатирала траги на лизгање. Таа ги одзела сите мобилни телефони на Јутјуберите за да го истражи инцидентот и да открие дали снимале видео во моментот на несреќата.

Раи њуз пишува дека по извршените тестови било утврдено дека возачот бил позитивен на канабис.

Инспекторите добиле и слики од камерите во областа кои можеби ги снимиле фазите на несреќата.

Хипотезата дека момчињата снимале видео ја потврдува и клип од 15 секунди што се појавил на интернет во кој еден од младите изјавил: „Уште еден ден во Ламборџини, досега добро“.