Инфектологот Вело Марковски стана член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Еден од најистакнатите и периодов најизвикани инфектолози во Македонија, д-р Вело Марковски вчера вечерта стана член на Ивршниот Комитет на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Македонската јавност, особено во последните неколку месеци, д-р Марковски го знае по неговите многубројни настапи во дебатни емисии и по интерјуата дадени во медиумите, кој како инфектолог упати низа конструктивни критики во однос на корона кризата во Македонија.

Неговото место во Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ иако според многумина е изненадување, во партијата сметаат дека д-р Марковски ќе има свое влијание во политиката особено во областа на здравствените политики, пренесува Фактор.

Во однос на пандемијатана Ковид-19, инфектологот Марковски, во едно од интервјуата за Фактор нагласува дека очекувањата на луѓето дека научниците многу скоро ќе развијат вакцина, а особено поради наметнатото верување дека тоа е едиснтвен спас, е многу поопасно од самиот вирус.

Во оваа насока, професор Марковски потенцира дека доколку се развие вакцина пред пред 2022, тоа само ќе биде потврда на теориите на заговор дека со нејзиното производство е започнато пред да се појави болеста и пред да се прогласи пандемија со Ковид-19. За него, повеќе од очигледно е дека во светот постојат интереси пандемијата да потрае, бидејќи, како што појаснува, ако овој проблем беше оставен само на науката, за кус период ќе имаше разрешница. Во однос на прашањето кога ќе заврши пандемијата, тој смета дека во паника не може сигурно да се носат добри и исправни решенија.

-Оваа пандемија веќе ги има најголемите последици по економијата, човековите права, здравјето на луѓето, а сето тоа не е поради реалните жртви од самиот вирус, туку од паниката која се создаде, вели д-р. Марковски во интервјуто дадено за Фактор.