Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ваква драма како таа на Босфорот ретко се гледа, и голема тага за играчите, стручниот штаб и навивачите на Фенербахче. Очајната сезона на „Канаринците“ доби уште едно траорно поглавје. За великанот од Истанбул и вториот домашен трофеј оваа сезона ќе остане неотсонуван сон.
Фенербахче имаше одличен резултат од првиот дуел, но после големата и епска драма се радуваа играчите на Истанбул Башакшехир. Гостите најпрвин извлекоа продолженија (2:2), а потоа издржаа уште половина час игра и со триумф ја крунисаа маратонската серија пенали со 9:10.
Пеналите сјајно ги изведуваа и едните и другите во првите пет серии, а потоа прво промашување забележа Шкртел. Му се „реваншираше“ Наполеони и ја пропушти првата меч топка за Истанбул.
Најприсебен во 13-та серија беше Емануел Адебајор.