Advertisements
Вебкафе

Индонезиски научници тврдат дека на Јава ја откриле најголемата пирамида на светот

Индонезискиот тим научници пред научната јавност во Вашингтон ги презентирале доказите за нивното тврдење дека на индонезискиот остров Јава ја откриле најголемата пирамида досега позната во историјата на човечката цивилизација.

Пирамидата се наоѓа на западниот дел од островот Јава , во подрачје за кое од почетокот на 20 век холандските истражувачи тврдат дека е преполно со мегалити. Научниците тврдат дека археолошката структура не се наоѓа само на врвот, туку дека опфаќа подрачје од 15 хектари , градени во различни периоди.

Тие во истражувањето користеле софистицирана опрема, како сателитски радар, сеизмички топограф и со археолошки ископувања. Слоевите од градбата се наоѓаат и на длабочина од 15 метри, па дури и подлабоко , каде се наоѓа најдолниот слој од вулканска лава , која била преработена од праисториските луѓе.

Староста на слоевите на градбата , датира од различни историски периоди така што најновите се стари околу 3 500, додека најстарите слоеви се градени и пред 28.000 години.

Се смета дека станува збор за религиозни објекти, кои се граделе, уривале и повторно обновувале во текот на илјадници години.

Advertisements
To Top