Индонезиски авион се сруши брзо по полетувањето – загинаа сите 189 патници и екипажот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Патнички авион од индонезискиот авиопревозник „Lion Air“ се сруши кратко по полетувањето од главниот индонезиски град Џакарта, во близина на островот Јава. Во несреќата најверојатно загинаа сите 189 патници и членовите на авионскиот екипаж, но се чека официјална потврда за тоа.

Спасувачките тимови засега не знаат дали има преживеани и потрагата е во тек, на прес-конференција изјави индонезискиот шеф на агенцијата за вонредни ситуации, додавајќи дека сигнал за тревога не бил примен од предавателот за итни случаи на авионот.

Боинг 737 исчезна од радарот околу десет минути по полетувањето, а весникот Стрејт тајмс објави дека летал на линијата Џакарта – Палканпинанг на островот Банка во Индонезија.

Најмалку 23 владини претставници биле во авионот, а Едвард Сирајт извршниот директор на „Lion Air“, рече дека авионот за време на неодамнешен лет имал технички проблеми, но дека „биле отстранети во согласност со процедурата“.

Тој не прецизираше за каков проблем се работело, но истакна дека ниту еден друг авион немал слични потешкотии.

Во морето се пронајдени бројни работи на патниците, а се пронајдени и лични картички и возачки дозволи на некои од патниците.

Според ВВС, меѓу патниците имало и две деца и едно новороденче. Покрај трите деца, имало 178 возрасни патници, како и двата пилоти и пет членови на екипажот. Вкупно 188 лица.

Во авионот имало 20-ина претставници од индонезиското министерство за финансии, кои се враќале од викенд.

Уште не е јасно што точно се случило. Авионот во еден момент побарал да се врати на аеродромот во Џакарта. Тоа му било овозможено, но потоа исчезнал од радарот. Се работи за нов, неколку месеци стар авион кој имал само 800 часа лет. Пилотите биле искусни.