Индискиот проблем со фрапантната ситуација со КОВИД-19 е светски проблем и глобално предупредување


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


„Тоа што се случува во Индија не е бран туку е ѕид: графиконите кои ја покажуваат стапката на заразени и починати, имаат криви линии кои се лансираат во вертикални линии. Експертите за јавно здравје не се оптимисти дека во скоро време ќе има удолница,“ пишува Јасмин Серхан во текстот за Атлантик.

Тоа што се случува со Индија е трагедија за индискиот народ, но во исто време катастрофа и за остатокот на светот. Моментално 92 земји во развој зависат од Индија, каде се наоѓа Серум институтот, најголемиот производител на вакцини на светот, за своите дози од вакцините против ковид-19. Испораката на овие пратки сега е загрозена заради обврските на Индија кон сопственото население.

Згора на сето ова е, дополнителен проблем е што индиската верзија на ковид-19, Б.1.167 веќе е идентификувана во најмалку 10 држави, вклучително САД и Британија.

Ова во пракса значи дека проблемот од Индија и тамошната варијанта би можеле да се прелеат и во богатите држави и да предизвикаат проблеми во тамошните планови за враќање на нормалата преку масовна вакцинација.

За тоа како Индија стигнала до ова дереџе едно од објаснувањата е дека земјата се нашла сред „совршена бура“ од фактори кои вклучуваат нови и постојни варијанти, непрекината серија на масовно посетувани политички митинзи и религиозни собири (без носење маски и без дистанцирање) и генерална пасивност на индиската влада, која бавно реагираше во спречување на кризата во која предвремено прогласи победа.

„Исходот од ова е преплавени болници, истрошени залихи на кислород, мртовечници кои повеќе немаат место, и крематориуми кои се топат од речиси непрестанато користење.

Државата минатата недела ја надмина границата од 2.000 смртни случаи на ден, а тоа се само случаите кои се заведени.

Стравот е дека следниот месец ова време бројот на смртни случаи може да порасне на 4.500 на ден, а некои прогнози тераат и до 5.500,“ пишува Серхан.

Иако Индија сега е доведена во ситуација да увезува вакцини, Серхан порачува дека ниту една грешка на индиската влада не го апсолвира светот од одговорноста што ја има за тоа што ќе се случува во земјата. Таа во повеќе наврати пишува дека неконтролираното избувнување на ковид каде било во светот претставува директна закана и за богатите, со вакцини обезбедени држави како САД. Вакцините за сега успеваат да дадат заштита (во некои случаи каква-таква) и од новите варијанти на ковид, меѓутоа не се знае уште колку ќе трае тоа.

До сега Индија има испорачано 60% од вакцините во светот, и покрај тоа што има вакцинирано само 1% од својата популација против ковид-19. Државата има капацитет да произведува 70 милиони дози вакцини месечно, меѓутоа сите тие дози ќе бидат наменети за домашни потреби, и пак нема да бидат доволни за задоволување на потребата.

Моментално Индија вакцинира 3 милиони луѓе на ден, што не е доволно брзо за да ја заштити својата популација од 1,4 милијарди луѓе.

Бидејќи сите се имаат откажано од идејата за донирање на дози вакцини, Серхан сега пишува за опцијата државите да ја укинат контролата на извоз на суровини неопходни за производство на вакцини. Ова пред неколку недели ЦЕО-то на Серум го побара од администрацијата на Бајден. Викендов, на збор, тоа беше испочитувано од американската влада, а подоцна и од Британија и од Германија.

Втората можност е Светската трговска организација да го исполни барањето на Индија и Јужна Африка, за привремено олабавување на патентите за вакцините против ковид, и истите да можат да почнат масовно да се произведуваат низ светот без страв од тужби. Над 70 поранешни светски лидери и 100 добитници на Нобелова награда го побараа ова од Бајден.

„Иако масовната вакцинација обезбеди бариера за пандемијата во одредени држави, Индија е јасно предупредување дека многу други ги чека долг пат. Светот е на пат годинава да има повеќе смртни случаи од ковид отколку во 2020,“ порачува Серхан.

Извор: Оффнет