Индиски дизајнери иновираа клима уред кој работи без електрична енергија


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Клима уредите можат да придонесат за глобалното затоплување на Земјата, но во некои земји, како Индија, тие едноставно се неопходни во текот на летните жештини. Оттука, дизајнерската компанија Ant Studio, со седиште во Њу Делхи, успеа да изгради структура која го разладува воздухот без користење на електрична енергија.

Покрај тоа што одлично функционира, структурата дизајнирана од Ant Studio изгледа како модерна уметничка инсталација.

При изградбата на оваа уникатна структура за разладување, Ant Studio соработуваше со Deki Electronics, компанија која исто така е сместена во главниот индиски град. Структурата е изградена од стотина глинени цевки кои создаваат кошница во рамки на еден метален обрач.

Кога комплетната кошница од глинени цевки ќе се наполни со вода, цевките ја апсорбираат водата и испуштаат ладен воздух додека низ нив поминува топлиот воздух. Оваа структура е доста економична поради ниската цена и големата достапност на глина ширум Индија. Исто така, еколошки не е штетна за околината како останатите електрични клима уреди.

„Како архитект, сакав да пронајдам решение кое е еколошки прифатливо и уметнички настроено, а притоа да развива и да ги развива традиционалните занаети“, вели Мониш Сирипурап, основач на Ant Studio.