Home Вебкафе Индиска работа: Невестата починала за време на венчавката, па зетот одма за жена ја зел нејзината сестра

Индиска работа: Невестата починала за време на венчавката, па зетот одма за жена ја зел нејзината сестра

На венчавка одржана во индискиот град Етаваху, невестата Сурба починала од срцев удар на сопствениот најважен ден од животот. Кога се онесвестила, веднаш бил повикан локален лекар, но не бил во можност да ја спаси.

Наместо да ја прекинат свадбената прослава, семејствата на невестата и младоженецот се согласиле нејзината сестра Ниша да се омажи за младоженецот Мањеша Кумар. Телото на Сурба било преместено во соседната соба за време на венчавката и подоцна било кремирано.

Еден од членовите на семејството на невестата за Дејли Меил изјавил дека тоа била тешка одлука.

“Не знаевме што да правиме во таа ситуација. Семејствата седнаа да се договорат, а некој и предложи на мојата помала сестра Ниша да се омажи за младоженецот и сите се согласија”, изјави за индиската новинаска агенција IANS братот на двете невести, Саурах.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Бен Афлек искрено за крахот на љубовта со Џенифер Лопез: Тие што најмногу ги сакаш, најмногу те полудуваат

БЕН АФЛЕК ИСКРЕНО ЗА КРАЈОТ НА ЉУБОВТА СО ЏЕНИФЕР ЛОПЕС: „ТИЕ ШТО НАЈМНОГУ ГИ САКАШ, НАЈМН…